Делта сој

ЕМА: Потребни се две дози од вакцината против Ковид-19

15.07.2021 10:08

Европскиот регулатор ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, во момент кога заразната варијанта забрзано се шири низ целиот свет.

Европската агенција за лекови објави дека се потребни две дози од вакцината против Ковид-19 за да се постигне заштита од делта сојот на коронавирусот.

Европскиот регулатор ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, во момент кога заразната варијанта забрзано се шири низ целиот свет.

Делта варијантата на корона вирусот, откриена во Индија, ќе опфати 90 проценти од случаите со Ковид-19 до крајот на август, стои во соопштението на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Според податоците, во десет земји на Европската унија, околу 30 проценти од луѓето над 80 години сè уште не ја примиле препорачаната вакцина.