Вашингтон
Меркел на средба со Бајден
15.07.2021 10:44
На врвот на агендата се пандемијата на Ковид-19 и справувањето со климатските промени.

Претседателот на Соединетите држави Бајден во Вашингтон ќе се состане со германската канцеларка во заминување Меркел.
На врвот на агендата се пандемијата на Ковид-19 и справувањето со климатските промени. Експертите сметаат дека нивните разговори веројатно нема да дадат големи достигнувања во спорните прашања, како рускиот гасовод до Германија и американскиот притисок Берлин да ѝ се спротивстави на Кина.
Двете страни изјавија дека сакаат да ги ресетираат врските кои беа влошени за време на претседателството на Трамп.
