Европа

Расте бројот на загинати и исчезнати во поплавите во Германија

15.07.2021 12:16

Неколку луѓе меѓу кои и двајца пожарникари, загинаа во Германија, десетици се водат како исчезнати откако шест куќи во регионот Ајфел се урнаа поради поројните дождови и поплавите. Бројот на исчезнати постојано расте...

Неколку луѓе меѓу кои и двајца пожарникари, загинаа во Германија, десетици се водат како исчезнати откако шест куќи во регионот Ајфел се урнаа поради поројните дождови и поплавите. Бројот на исчезнати постојано расте.

Полицијата потврди дека телата биле пронајдени на повеќе различни места. Загинале под неутврдени околности.

На уште 25 куќи им се заканува уривање во областа Шулд во близина на Аденау. Некои места се целосно отсечени поради надојдените води.

„Со оглед на временски околности не сум добро. Во куќите има кал насекаде. Мостот се урна, водата поплави сѐ, сите куќи подолу. Ова е вонредна состојба како во втората светска војна“- вели еден жител.

Околу 135 илјади жители во покраината Северна Рајна – Вестфалија останаа без електрична енергија.

„Струјата најверојатно не е достапна во целиот регион. Ова што го гледате овде е полошо од бомбардирањето. Навистина е ужасно.“

Многу луѓе се искачија на покривите на куќите чекајќи ги спасувачките екипи да пристигнат до нив. Армијата им помага на загрозените жители.

Железничкиот, речниот и патниот сообраќај целосно е во прекин, а пловидбата по рајна е прекината.

Метеоролошката служба најави обилни врнежи од дожд во југозападните делови од земјата кои ќе траат се до петок навечер.

Обилните дождови со поплави и во јужната холандска провинција Лимбург. 400 домаќинства останале без струја, а проблеми имало и во информатичкиот системот на градското собрание.

Марина Ристова