Подготовки за онлајн состанок
Денес, кога состаноците сѐ повеќе се оддржуваат онлајн, полезно е да се знаат некои основни работи за да изгледате поубаво...

Денес, кога состаноците сѐ повеќе се оддржуваат онлајн, полезно е да се знаат некои основни работи за да изгледате поубаво.
Добра вест е дека камерите на лаптоп и на телефон, не се толку осетливи, не даваат сосема јасна слика, па прикриваат и некои од недаостатоците.
Доволно е да ставите коректор на подочниците и на другите несовршености на лицето и тенок слој пудра.
Што се однесува до руменилото користете розеви нијанси, тие изгледаат најубаво.
Карминот дава свежина,посебно ако е црвен или во корална боја.
Доколку носите очила, тие ги прокриваат подочниците и даваат сериозен и елегантен изглед.
За фризурата, доколку косата не ви е уредна најдобро решение е да ја соберте во опавче.
