Политика

Нема расправа за резолуцијата на денешната собраниска седница

15.07.2021 13:32

Документот би имал обврзувачко дејство, а за Владата рамка за разговорите со Бугарија, но со јасни црвени линии.

ВМРО-ДПМНЕ побара резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на евроинтеграциите да биде една од точките на новата пленарна седница. Документот би имал обврзувачко дејство, а за Владата рамка за разговорите со Бугарија, но со јасни црвени линии.

Резолуцијата не е доставена до сите пратеници, нема деловничка можност за расправа, појасни спикерот Џафери. Најави дека резолуцијата ќе биде на дневен ред на следната седница.