Граѓаните сметаат- правосудството е најкорумпирано
Правосудството е најкорумпирано, сметаат граѓаните. Дваесет проценти од претставките во Антикорпуциска се за неговото работење. Власта вели, се бори со реформи и системски промени. Никој нема да биде поштеден од казна. Според експертите, не смеат одлуките за разрешување да се покриваат со несовесно работење на судиите...

Постои политичка волја за интервенции и отворање на „Пандорината кутија“ и справување со корупцијата. Ќе се спречат сите обиди за заобиколување на правдата зашто законите мора да важат за сите, рече ресорниот министер Маричиќ на јавната дебата посветена на корупцијата.
Од Врховниот суд каде решенијата на Советот ќе го пројдат последниот филтер, сметаат дека судиите не се децидно разрешени поради корупција туку пред се за несовесно и нестручно работење иако во законите постојат такви одредби. Сепак тоа е доволен показател.
Истражувањето на балкански барометар покажало дека 81,1 процент од граѓаните сметаат дека судството е најкорумпирано, потенцира првата антикорупционерка Ивановска.
Недовербата во судството е трипати поголема кај граѓаните во однос на довербата, велат од ИРИ.
На дебатата беа детектирани низа фактори кои придонесуваат за корупција како што е малиот буџет, платите и условите во кои работат судиите и јавните обвинители.
Фиљана Кока
