26 нови случаи со Ковид-19

15.07.2021 14:07

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 225.

Во последните 24 часа се направени 2.866 тестирања, а регистрирани се 26 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 13 , Тетово – 5, Гостивар – 3, Кичево - 2 и Куманово, Прилеп и Штип – по 1. Регистрирани сe 8 оздравени пациенти од: Струмица – 3, Куманово и Тетово – по 2 и Скопје – 1. Не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 225.

Досега во земјата се направени вкупно 920.045 тестирања на Ковид-19.