Угостителството се стабилизира, иако недостига работна сила
Угостителскиот сектор во релативно стабилна состојба. Има интерес за проширување и вложување во дејноста, иако се раздвижи пазарот на трудот и предизвика недостиг на работна сила. Заинтересирани се за користење на бескаматните кредити од Kовид 4 за што почна пријавувањето…

Прилепскиот угостителски сектор смета дека полека се нормализира ситуацијата со работењето. Уверуваат дека нема големи отпуштања, зашто беа врзани со ковид мерките, доколку сакаа да ги користат. Но, им остана проблемот со недостиг од работна сила. Раздвижениот пазар на труд ги зголемил платите.
Има голема заинтересираност за бескаматните кредити Ковид 4, за што почна пријавувањето. Сепак, бараат поголема информираност. Наспроти раздвижениот пазар на трудот, веќе има и вложувања за проширување на дејноста.
Во Прилеп работат 85 угостителски објекти со 800 вработени.
Елизабета Митреска
