Меси vs Пепе!
Интересна е фудбалската „војна“ на Барселона и на Реал Мадрид од секој аспект.

Во неделното вечно дерби на шпанскиот шампионат, каталонскиот тим победи во „Ел класико“ на „Сантијаго Бернабе“ со 4-3, а тоа му даде уште повеќе инвентивност на Лео Меси во провокациите или во одговорите на провокациите на играчите од ривалскиот клуб.
Уште во 78-та минута од дербито, по еден дуел Меси и стоперот на Реал Пепе влегоа во вербален дуел, а по прегледувањето на снимката може да се заклучи какви зборови упатуваат двајцата, иако ја прекриваат устата со рака. Пепе му рекол на Меси: „Страв ти е од мене, нели?“, а Меси одговорил: „Што зборуваш? Секогаш ти давам гол и те има на сите снимки“. По пет минути од тој момент, Меси го даде решавачкиот погодок за победа на Барселона.
