Џафери не ја стави на дневен ред резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Нема деловничка можност за расправа, документот не е доставен до сите пратеници - собранискиот спикер Џафери не ја стави на дневен ред резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата порача дека е од исклучително значење, бара консензус. Левица противречи на двојазичните документи што ги добиваат пратениците.

Пропадна обидот на ВМРО-ДПМНЕ на 46-та седница да се разгледува поднесената резолуција за македонските црвени линии во разговорите со Бугарија. Документот е од исклучително значење и треба да биде донесен со консензус – порача координаторот Мицески. Тоа е добар документ затоа што би била задолжителена, за Владата би помогнала во оцртувањето рамки во кои би можеле да се движат разговорите за идентитетските прашања.
Сепак спикерот Џафери, предлогот на Мицевски не го стави на гласање бидејќи резолуцијата не била доставена до сите пратеници. Се надева дека следната недела на нова седница документот би бил на дневен ред.
Левица повторно му противречеше на првиот парламентарец за двојазичните документи кои ги добиваат пратениците. Апасиев посочи- документите кои ги доставувате се спротивни на Деловникот и Уставот.
Спикерот Џафери кус во објаснувањето. Вели, твојата постапка укажува дека си еден век назад.
Левица најави и дека ќе ја блокира работата на Собранието поради европското знаменце на Законот за државјанство. Законот беше услов на Алијанса и на Алтернатива кои претходно ја блокираа работата на законодавниот дом, по што следуваше политички договор на партиските челници со премиерот Заев.
Миле Ристески
