Застој во судските предмети поради разрешени или пензионирани судии- поротници
За надминување на проблемот, судијата Туфегџиќ предлага да се интервенира во законот и да им се дозволи на поротниците чиј мандат истекува да го продолжат ангажманот сѐ до завршување на процесот. Ако има нови поротници, тие да се запознаат целосно со предметот надвор од главната расправа без да има прекин во судењето.

Случајот „Тендери“ во кој е обвинета поранешната министерка Канческа Милевска може да продолжи кадешто застана единствено ако за тоа се согласат адвокатите и обвинителот, оценуваат во Кривичниот суд. Во спротивно, судењето што е во фаза на завршни зборови ќе почне од почеток, поради разрешен судија- поротник. Од исти причини, неизвесно е продолжението и на „Титаник“, „Талир“ и „Топлик“.
За надминување на проблемот, судијата Туфегџиќ предлага да се интервенира во законот и да им се дозволи на поротниците чиј мандат истекува да го продолжат ангажманот сѐ до завршување на процесот. Ако има нови поротници, тие да се запознаат целосно со предметот надвор од главната расправа без да има прекин во судењето.
На последниот конкурс за 50 поротници се пријавиле 15. Слабиот интерес се должи делумно и на ниската платеност: околу 500 денари за ден поминат во судот. Претседателот на Кривичен, Џолев оценува дека улогата на поротниците е значајна, на тој начин граѓаните се вклучени во процесите. Иако довербата во судството изнесува повеќе од 20 насто, наспроти 4 проценти од пред неколку години, сепак е потребна неселективна борба против корупцијата.
Секоја година во Кривичниот суд се слеваат по 70 илјади нови предмети распределени на 44 судии.
Анита Димитријевска Велковска
