Здравство

Тече вакцинацијата против Ковид-19, нема метеж пред пунктовите

15.07.2021 16:20

Од понеделник почнува вакцинацијата на деца и млади од 12 до 18 години, досега околу 1.600 пројавиле интерес за вакцинирање...

Многумина од граѓаните кои чекаа ред за вакцинација пред поликлиниката „Букурешт“ велат дека вака без закажување термин е многу подобро и полесно се решиле да дојдат да се имунизираат. Граѓаните се свесни дека вакцината е единствен начин да се победи вирусот. Пред пунктовите за имунизација не се создава метеж.

Од понеделник почнува вакцинацијата на деца и млади од 12 до 18 години, досега околу 1.600 пројавиле интерес за вакцинирање.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државава. Досега вкупно се аплицирани над 700 илјади дози вакцини.

Во Скопје вакцинирање без закажан тремин, има во поликлиниките „Јане Сандански“, Букурешт и Чаир. И во поликлиниката во Шуто Оризари е отворен вакцинален пункт, таму беа претседателот Пендаровски и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.

Амбасадата на Народна Република Кина во земјава подари за опрема еден милион и шестотини илјади денари на поликлиниката во Шуто Оризари.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска