Нетолеранцијата како глобална закана

Омразата се шири како вирус

15.11.2013 13:34

На меѓународната конференција за политичката и меѓурелигиската толеранција, што се одржа во МАНУ, главна проценка на соговорниците е дека, во современата дигитална ера нетолерантноста се шири со енормна брзина. Толерантноста мора да прерасне во универзална општочовечка дејност.

-Денес омразата го користи интернетот низ кој се шири како вирус. Како што компјутерските вируси ја зафаќаат меморијата на компјутерот, така говорот на омраза е вирус што го зафаќа човековиот ум. Симптомите ги знаеме, стеснување на човековото видно поле, помрачување на човековиот светоглед, параноична недоверба кон непознатото, изјави Ѓорѓе Иванов, Претседател на РМ

 -Преку толеранцијата сите различни групи и професии, можат да дојдат до заеднички успеси, оцени  Аиво Орав – шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија.

Во Македонија религискиот плурализам има здрава подлога за меѓучовечка толеранција.

-Векови и векови наназад, Република Македонија е културолошки автентична токму поради различните религии создаваше една огромна традиција. Таквата традиција не дозволи да дојде до уништување на културата и традицијата, посочи Валентина Божиновска – директор на комисијата за односи со верските заедници

Како што беше акцентирано, неопходно е добро да го подготвиме македонското, многуетничко, многурелигиско и многујазично општество успешно да се соочува со предизвиците на современиот свет.

Елизабета Кузмановска