Прекршочна од ДИК за претседателскиот кандидат Иванов

25.03.2014 15:53

Отчетот што актуелниот шеф на државата го направил на 14-ти март според тројцата членови во комисијата на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, е уставна обврска на претседателот и тоа не може да се смета за кампања...

Од  двата поднесени приговори од СДСМ, за превреме почната кампања, со 4 гласа за и три против прифатен е приговорот  за претседателскиот кандидат Иванов.

Отчетот што актуелниот шеф на државата го направил на 14-ти март според тројцата членови во комисијата на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, е уставна обврска на претседателот и тоа не може да се смета за кампања.

Според Рилковски, Дума, Јакупи и Ибраими, отчетот е направен на истиот ден кога била потврдена од ДИК кандидатската листа за Иванов, со што според нив се повредени изборните  правила.

Приговорот  од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ за предвреме почната кампања со направениот отчет од Владата беше отфрлен со 5 гласа „против“ и два „за“. Според  мнозинството членови на комисијата, предлог кандидатските листи за пратеници сеуште не се потврдени од ДИК и со тоа не  се повредени и изборните правила.

Виолета Димовска