Единаесет жртви во поплавите во Белгија, во Германина над илјада се водат како исчезнати
Спасувачките екипи користат моторни чамци и хеликоптери за да ги евакуираат луѓето...

Бројот на жртви од поплавите во јужниот дел на Белгија, најголеми во последните 20 години, се искачи на 11 лица, јавија белгиските медиуми.
„Властите ја потврдија смртта на 11 лица, а се смета дека тројца спасувачи чиј брод се превртел во каллив поток“, соопшти телевизискиот канал РТБФ. Спасувачките екипи користат моторни чамци и хеликоптери за да ги евакуираат луѓето.
Во меѓувреме, властите во областа Ахрвејлер во западната германска покраина Рајнска област-Пфалц соопштија дека немаат информации за повеќе од илјада луѓе.
„Во моментов претпоставуваме дека има околу 1.300 исчезнати лица. Само во областа на окружниот град Бад Ноенахр-Ахрвајлер, од утрово имало околу илјада повици, а операциите за спасување продолжуваат“, се вели во соопштението на службата.
Во Германија досега се потврдени најмалку 59 жртви.
