Ковид-19
СЗО: За една недела за 43 насто повеќе смртни случаи во Африка
16.07.2021 11:04
Зголемувањето е најбрзо регистрирано на континентот. Главните причини за брзиот раст се недостигот на машини за кислород и слободните места во единиците за интензивна нега.

Смртните случаи поврзани со коронавирусот во Африка се зголемија за 43 проценти за само една недела, соопшти Светската здравствена организација.
Зголемувањето е најбрзо регистрирано на континентот. Главните причини за брзиот раст се недостигот на машини за кислород и слободните места во единиците за интензивна нега.
Според СЗО, стапката на смртност од коронавирус во Африка е 2,6 проценти, додека светскиот просек е 2,2 проценти.
Најголем број на смртни случаи има во Намибија, Јужна Африка, Тунис, Уганда и Замбија.
