Вашингтон

Бајден и Mеркел заеднички против руската агресија

16.07.2021 11:39

Рече дека Германија и САД заеднички ќе и се спротивстават на руската агресија. На почетокот на своето обраќање, американскиот претседател изрази сочувство за жртвите и исчезнатите во поплавите во Германија и во уште неколку европски земји.

Aмериканскиот претседател Бајден по средбата со германската канцеларка Меркел изјави дека двете земји нема да отстапуваат од демократските принципи и универзалните човекови права, спротивно на потезите на Кина.

Рече дека Германија и САД заеднички ќе и се спротивстават на руската агресија. На почетокот на своето обраќање, американскиот претседател изрази сочувство за жртвите и исчезнатите во поплавите во Германија и во уште неколку европски земји.

Меѓудругото, Бајден рече дека со германската канцеларка зборувал за изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, додавајќи дека САД сметаат дека проектот ја загрозува европската енергетска безбедност.