Бугарија

Радев го свика Националнато собрание за в среда

16.07.2021 12:30

Порача дека сега е време бугарските политичари да ја завршат својата работа, да најдат обединување што всушност ќе биде во интерес на сите Бугари.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев новото Национално собрание ќе го свика на 21 јули на прва седница. Порача дека сега е време бугарските политичари да ја завршат својата работа, да најдат обединување што всушност ќе биде во интерес на сите Бугари.

Радев и ја честиташе изборната победа на партијата „Има таков народ“. Во врска со идејата за привремената влада да биде на редовна основа, шефот на бугарската државата рече дека и предлозите и одобрувањето на таквата одлука зависат од бугарските пратеници.