Железница

Возовите за Кичево и Кочани не сообраќаат

16.07.2021 13:25

Поради дотрадениот возен парк, две патнички линии во земјава се два месеци во застој. Не сообраќаат возвите од и за Кочани и Кичево...

Патничкиот воз од и за Кочани не сообраќа два месеци. Патниците за тоа ниту се информирани, ниту знаат дека не вози. Не е мало изненадување велешани доживуваат, кога ќе дојдат на станица, а возот го нема. Подолго време не сообраќа и патничкиот воз од Скопје за Кичево и обратно.

Изминатите години во повеќе наврати се случуваше возот за и од Кочани да нè сообраќа, од различни причини, сообраќајот беше во прекин. Од МЖ Транспорт АД ги потврдуваат ваквите состојби. Вината ја посочуваат во стариот возен парк.

Дека состојбата со возниот парк е лоша, потврдуваат и информациите кои ги објави МВР дека на 15-ти и 21-ви мај се запали локомотива на релација Скопје - Гевгелија. На 4-ти јуни, сообраќајот во Велес беше блокиран, откако локомотива на товарен воз се расипа среде град.

Лошите услуги кон патниците влијаат на намалувањето на бројот на превезени лица во железницата, неколку години наназад.

Петар Печков