Кривичен суд

Почна судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“

16.07.2021 13:49

Во воведен збор, обвинителката Лиле Стефанова рече дека на најбезобразен начин биле искористени државните институции, банки за нелегано купување и прикривање на имот на Водно, чиј што краен сопственик бил поранешниот премиер Никола Груевски.

Во Кривичниот суд почна судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“. На обвинителна клупа седнаа Сашо Мијалков, Орце Камчев и уште тројца обвинети. На поранешниот премиер Никола Груевски, судот донесе одлука да му се суди во отсуство.

Во воведен збор, обвинителката Лиле Стефанова рече дека на најбезобразен начин биле искористени државните институции, банки за нелегано купување и прикривање на имот на Водно, чиј што краен сопственик бил поранешниот премиер Никола Груевски.

Обвинителката Стефанова побара, сите обвинети да се прогласат за виновни. Со умисла сториле перење пари и прикривање имот.