Градскиот стадион го добива финалниот лик

25.03.2014 17:08

Според најавите, до крајот на месецот ќе финишира фасадното обликување на источната трибина на арената, а потоа и на останатите трибини како завршна етапа од обемната реконструкција и надградба на градскиот стадион...

Голем интерес за поттрибинскиот простор на Арената „Филип Втори“. Директорот на Акционерското друштво кое стопанисува со арената вели дека инвестицијата за доизградбана стадионот за брзо ќе се исплати затоа што многу компании барале закуп на простор во комерцијалниот дел на Арената. Најголем интерес имало од спортските клубови, фитнес центри и рестораните. Цените за закуп се уште не биле утврдени, но ќе биле пониски од пазарните.

Имаше интерес и за отварање на хостел за екипите кои доаѓаат на припреми или пак да се натпреваруваат да се сметста во тој хостел и да се одморат пред натпреварите“, вели Цветко Грозданов, директор на АД за Стопанисување со станбен и деловен простор.

Според најавите, до крајот на месецот ќе финишира фасадното обликување на источната трибина на арената, а потоа и на останатите трибини како завршна етапа од обемната реконструкција и надградба на градскиот стадион.

Националната арена „Филип Втори“ влезе во групата сто најголеми стадиони во Европа. Целосно реконструиран и доизграден, некогашниот градски стадион конечно стана репрезентативен објект за македонската фудбалска репрезентација.

Директорот Грозданов се надева дека во 2020 година, токму на Арената „Филип Втори“ ќе се одиграат неколку натпревари од групната фаза на европското фудбалско првенство.

Се надевам дека Македонија ќе учествува сака да учесвува во следното фудбалско првенство европскло како еден дел на тие претнатпревари“, вели Грозданов.  

Во изминатите години се спроведоа неколку проекти за поголема промоција на спортот. Се реализираше идејата за изградба на 100 тениски игралишта, 50 помошни фудбалски игралишта како и 145 училишни спортски сали, а во соработка со Агенцијата за млади и спорт се доделуваа и стипендии на млади спортисти.

 

Соња Јованова- Наумовска