Инфективна клиника

Со новата терапија ќе се намали потребата од хоспитализација на болните од Ковид-19

16.07.2021 14:42

На Инфективната клиника во Скопје, лекување на пациенти заболени со Ковид- 19, со најсовремениот метод, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лекови. Ќе се лекуваат и нехоспитализирани пациенти. Одобрена е за употреба од Европската агенција за лекови. Директорката на инфективна Стевановиќ очекува добри резултати...

Новата современа терапија за третман на заболени од Ковид-19, која веќе пристигна во земјава треба да ја стопира инфекцијата. Ќе се аплицира кај нехоспитализирани пациенти кои се лекуваат од коронавирусот и ќе се дава уште во раната фаза. Лекарите очекуваат со нејзината примена да се намали потребата од згрижување на болни.

Терапијата се дава венски и прва ќе почне да ја дава Клиниката за инфективни болести во Скопје, но доколку се јави потреба ќе биде дистрибуирана и во инфективните одделенија низ државата. Соработката со матичните лекари е од круцијално значење за навремено поставување на дијагноза, вели доктор Стевановиќ.

На Инфективна клиника ги следат колегите од странство кои лекуваат пацинети со делта сој. Искуставата покажуваат дека најголем дел од нив воопшто не се имнузирани, немаат примено две дози или ја немаат прележано болеста. Кај вакцинираните, клиничката слика е полесна. На клиниката велат дека се подготевни за нов бран кој се очекува на почеток на септември.

На клиниката има 10 пацинети со Ковид- 19, со среднотешка клиничка слика.

Инфективната клиника и модуларната болница имаат капациет за околу 200 пацинети. Но, во случај на наплив на болни би се мобилизирале сите капацитети во државата.

 

Наташа Јанчиќ- Менковски