Работни односи

Угостителството и градежништвото- сектори со најголем број непријавени работници

16.07.2021 15:19

Намалувањето на сивата економија преку формализацијата на работните места треба да ги овозможи новиот Закон за работни односи кој е во подготовка. Угостителството и градежништвото се сектори со најголем број непријавени работници. Учеството на неформално вработените во 2019-та година изнесувало 16 проценти и е намалено за 2.55 процентни поени во однос на претходната година...

Над 8 илјади инспекциски надзори извршил Инспекторатот за труд во првата половина од годинава. Во 42 компании затекнати се непријавени работници и се изречени казни. Најлоша е состојбата во угостителството и градежништвото.

Сивата економија има негативни последици врз работниците, предупредија од Сојузот на синдикатите.

Законот не предвидува исклучоци кај сезонските работници, велат од Организацијата на работодавачите. Оттаму најавуваат пријавување преку систем на купонско плаќање на данок и придонеси на плата за вработените.

Од ресорното министерство велат дека во подготовка е новиот закон за работни односи кој треба да помогне во формализацијата и подобрување на сигурноста на работните места.

Податоците на надлежните покажуваат учеството на неформално вработените од16 проценти, а регистрирано е постепено подобрување.

 

Дијана Ценевска