Царовска: На маса повеќе сценарија за од септември
Состојбата со корона вирусот ќе се следи, но на маса се повеќе сценарија за од септември, истакна министерката за образование Царовска. Додаде дека подготовките за прво и за четврто одделение се речиси готови, и смета дека дигитализацијата во образованието е нужна. Предлог-законот за учебници е повторно отворен за сугестии. Ставот на министертсвото и владата е дека не отстапуваат од почнатиот процес на дигитализација...

Состојбата со коронавирусот се следи, подготвени сме за секакво можно сценарио од септември, уверува министерката Царовска. Таа појаснува дека приоритетно сценарио е она за настава со физичко присуство на сите ученици согласно утврдените протоколи. Сепак, епидемилошката состојба се влоши, опции се онлајн учење или една недела половина од учениците во училница, а другата половина дома.
Подготовките за наставата на прво и на четврто одделенците се речиси готови, тие ќе следат настава по нова концепција, со нови наставни програми и материјали за учење.
„Ако почневме со дигитализација пред 10 години, сега немаше да имаме проблеми“, вели министерката.
Иако предлог- законот за учебници беше повлечен од собраниска процедура, Царовска вели дека се подготвени за сугестии и оти ќе се организираат дебати. Граѓаните може да испраќаат забелешки и коментари.
Ана Јосифоска- Тодоровска
