Сидорф си оди од Милан
Во италијанскиот фудбалски гигант Милан најверојатно се решени да му се заблагодарат на актуелниот тренер Кларенс Сидорф и тоа уште утре. Барбара Берлускони за медиумите истакнува дека Холанѓанецот е избор на нејзиниот татко, Силвио, а по се изгледа дека клубот има сосема поинакви идеи на лето.

Во италијанскиот фудбалски гигант Милан најверојатно се решени да му се заблагодарат на актуелниот тренер Кларенс Сидорф и тоа уште утре. Барбара Берлускони за медиумите истакнува дека Холанѓанецот е избор на нејзиниот татко, Силвио, а по се изгледа дека клубот има сосема поинакви идеи на лето.
Иако беше најавуван како решение на подолг рок, Сидорф за овие неколку месеци не успеа никого да убеди дека може да го вивне Милан кон врвот на табелата, онаму каде што им е местото на „росонерите“. Милан не загуби во Рим од Лацио, но ништо не се измени, акциите на Холанѓанецот не пораснаа. Во случај на пораз во Фиренца утре, тој би можел да биде сменет па во финишот на шампионатот екипата би ја предводел вечниот заменик Мауро Тасоти, а на лето би стигнал нов тренер.
„Татко ми го донесе Сидорф, не јас, им се обрати саркастично на новинарите Барбара Берлускони која сака да остане во клубот и да заврти нов лист“. „Точно е дека се расправав со Галијани, но тоа ми користеше и сум многу посилна. Сега ни се односите добри “, додаде ќерката на Силвио Берлускони, која планира да го пензионира Адриано Галијани и да го замени со легендарниот капитен Паоло Малдини.
Навивачите секако најмногу ги интересира кој ќе биде тренер и дали клубот ќе финансира. Симпатичната Барбара ветила дека летоска ќе има засилувања но предупредила дека минале времињата на астрономски трансфери, не само за Милан, туку и за другите клубови во Серија А.
Не сакала да зборува за новиот тренер, но се шпекулира со името на Лучијано Спалети. Тој е без работа, меѓутоа прима плата од Зенит, иако е сменет. Екс тренерот на Рома има договор до 2015, но се очекува да се договори со Русите, да се откаже од дел од примањата и да се врати во Италија. Милан не може да го плаќа 3.5 милиони евра по сезона, па Спалети би се согласил на помалку пари но на договор на подолг рок, што би требало да значи дека клубот ќе му дозволи да работи на долги патеки.
Секако дека во комбинација останува како опција и Филипо Инѕаги, но искуството со Сидорф, посочува дека не е корисно да се трошат легендите, особено кога е ситуацијата во клубот тензична и кога во позадина се бие битка за власт меѓу Барбара Берлускони и Адриано Галијани.
На Сидорф наскоро ќе му биде сеедно, но се наметнува впечатокот дека го избра најлошиот момент да седне на тренерската клупа во клубот каде што успешно играше десет години.
