Матичните лекари ќе одредуваат кој ќе добие од новата „коктел терапија“ за лекување Ковид- 19
Матичните лекари ќе треба да одредат кој ќе добие од новата „коктел терапија“ за лекување на Ковид – 19. Ќе се дава во раната фаза и треба да ја стопира инфекцијата. Во ординациите сега доаѓаат и пациенти со настинки и со вируси кои не се непознаница за овој период од годината...

Настинки, вируси не се непозаница за овој период од годината. Важни се две работи, да не се прави шок на организмот и да не се крева паника кога ќе се појават било какви сиптоми, вели доктор Чолакова Дервишова. Во ординациите сега доаѓаат пацинети со хронични здравствени проблеми и пацинети со настинка.
Матичните лекари ќе треба да одредат кој треба добие од новата „коктел терапија“ за лекување на Ковид- 19. Таа ќе се дава во раната фаза и треба да ја стопира инфекцијата. Од Инфективната клиника каде што прво ќе се дава терапијата, велат дека докторите од пимарното здравство ќе треба да препознаат кои пацинети се во највисок ризик да развијат ислкучително тешка клиничка слика.
„Kоктел терапија“ со антитела ќе се аплицира кај нехоспитализирани пациенти кои се лекуваат од Ковид- 19. Со ова се очекува да се намали потребата од болничко згрижување. Лекарите се еднистевни во ставот дека имунизацијата е начин да се избегне тешка клиничка слика и смртен исход.
Колективниот имунитет ќе се постигне со околу 80 проценти имунизирани граѓани. Според проценките на надлежните до крајот на месец јули околу 500 илјади луѓе ќе бидат вакцинирани со една доза и приближно исто толку ревакцинирани.
Наташа Јанчиќ Менковски
