Ковид-19

Мерките олабавени, граѓаните претпазливи

18.07.2021 09:25

Крштевки, венчавки, свадби. Со олабавувањето на мерките, и граѓаните почуствуваа потреба да се вратат на нормалното живеење. Но, дали премногу се опуштивме? Според психолозите, стравот од незавршената пандемија е добра мерка за претпазливост...

Олабавени мерки, крштавки, венчавки, прослави. Се опуштивме премногу или постои психолошкиот страв од пандемијата. Иако стивната, ама незавршена. Граѓаните аналитични.

Во црквите има повеќе крштавки, од венчавки. И во кругот на најблиските. Има тренд на манастирски свечености.

Хотелиерите се со пресметки. За пост ковид веселбите, хотелиерите не сакаат да зборуваат.  Реагираат според онаа народна, ама парафразирана - Многу се надевавме, ама потешко се омаживме. Очекуваа повеќе свадби од реалната ситуација.

Според  психолозите, стравот „лозје чува“. Сите сакаат да се вратат во нормалното, но резервираноста и одреденото ниво на страв, се пожелни.

Свадби, крштавки, венчавки, веселби, опуштеност, желба за нормалност. Ама со мерка. Имаме есен да ја пребродиме.

 

Елизабета Митреска