Нема зголемување на бројот на повици во итната помош
Хронично болните ги почитуваат препораките, но на топлото време загрижува порастот на мозочни и на срцеви удари кај лицата над 40 години, велат од Итната медицинска помош. По големите горештини, викендов заладување и поројни дождови. Зголемено количество на врнежи се очекува во северниот дел од земјата, информираат од УХМР...

Нема зголемени повици во Итната медицинска помош, вели доктор Караманов. Деновиве хронично болните под терапија ги почитуваат протоколите. Посочува дека апелите вродиле со резултати. Д- р Караманов појаснува дека на топлото време, кардиолошките болести и болестите на крвните садови се на прво место . Според него, загрижува состојбата што споредено, последниве години расте бројот на мозочни и срцеви удари кај лицата со над 40 години.
По големите жештини и високите температури и над 40- тиот степен , следи заладување и поројни дождови, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Зголемено количество на дожд се очекува во северниот дел од земјата, особено во полошкиот регион .
Според анализите на Управата можно е зголемување на водостојот на реките, а поголемо количество на врнежи се очекува и во градските средини.
Дијана Ценевска
