Ковид-19

Ќе заседава Комисијата за заштита од заразни болести, можни се нови мерки

19.07.2021 09:45

Комисијата за заштита од заразни болести на денешниот состанок ќе ја анализира епидемиолошката состојба. Засега проценките се дека таа е стабилна. 16 пациенти со ковид се хоспитализирани на територијата на целата држава...

Комисијата за заштита од заразни болести на денешниот состанок ќе ја анализира епидемиолошката состојба. Засега проценките се дека таа е стабилна. 16 пациенти со ковид се хоспитализирани на територијата на целата држава, од нив четворица се на кислородна поддршка, информираат од здравство.

Според најавите, од денеска почнува вацинирање со „Фајзер“ на речиси 1.800 пријавени деца на возраст од 12 до 17 години. Досега две дози вакцини примиле над 272 илјади граѓани.

Од направените 3.358 тестирања, регистрирани се 21 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа. Оздравеле двајца пациенти, нема починати.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени е 150.170, а битката со коронавирусот ја загубија 5.487 заболени. Во земјава активни се 265 случаи со Ковид- 19.