Владата ќе ја одржи редовната 88-ма седница

19.07.2021 09:06

На денешната седница, меѓу другото, ќе биде разгледана информацијата за статусот на реализација на подготвителните активности поврзани со проектот за затворање на непрописните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот Регион, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Владатa денеска со почеток во 10 часот ќе ја одржи редовната 88-ма седница. На денешната седница, меѓу другото, ќе биде разгледана информацијата за статусот на реализација на подготвителните активности поврзани со проектот за затворање на непрописните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот Регион, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Министерството за труд и социјална политика за оваа седница ја предложи точката Информација во врска со Предлог на стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 година, со Предлог на стратегија за родова еднаквост 2021-2026.