Младите не го поддржуваат Макрон поради новите корона мерки
Популарноста на Макрон се намали за 13 проценти кај луѓето на возраст од 12 до 24 години, покажува анкетата спроведена од агенцијата за истражување на јавното мислење на ИФОР за весникот „Журнал ду Диманш”. Поддршката за Макрон во таа возрасна група во моментов е 51 процент.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја изгуби популарноста меѓу младите во земјата, откако француските власти претставија нови правила во врска со здравствените пропусници и задолжителната вакцинација на вработените во здравствената заштита.
Популарноста на Макрон се намали за 13 проценти кај луѓето на возраст од 12 до 24 години, покажува анкетата спроведена од агенцијата за истражување на јавното мислење на ИФОР за весникот „Журнал ду Диманш”. Поддршката за Макрон во таа возрасна група во моментов е 51 процент.
Процентот на оние кои не ја одобруваат политиката на францускиот претседател е зголемен во возрасните групи од 25 на 34 и од 35 на 49 години на 68, односно 66 проценти.
Анкетата покажа дека популарноста на Макрон расте меѓу групите луѓе кои претежно примиле вакцина против коронавирусот.
