Здравство

Успешно извршена реплантација на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

19.07.2021 12:08

Пациентот беше самоповреден со моторна пила, примен на Клиниката за пластична хириргија во хеморагичен шок неколку часа по повредата. Веднаш по приемот се организираше тимот и се направи хируршката интервенција бидејки кај овој тип на операции има мал временски прозорец за интервенција (до 6 часа од повреда).

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактица. Оваа комплексна интервенција беше изведена од тим на хирурзи и анестезиолози: Од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија: Доц. д-р Софија Пејкова, д-р Бисера Николовска, д-р Гордана Георгиева, од Универзитетската клиника за кардиохиругија: д-р Мишел Андов, од Универзитетската клиника за трауматологија д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување д-р Јасна Бушиноска. Исто така, тимот беше во постојана комуникација со проф. д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет од Скопје.

Реплантацијата на горен екстремитет е една од најкомплексните хируршки интервенции која вклучува остеосинтеза на коските, реваскуларизација-анастомиоза на артерии и на вени, реконструкција на нервите и на мускуло- тетивниот апарат и реконструкција на мекоткивната покривка.

Пациентот беше самоповреден со моторна пила, примен на Клиниката за пластична хириргија во хеморагичен шок неколку часа по повредата. Веднаш по приемот се организираше тимот и се направи хируршката интервенција бидејки кај овој тип на операции има мал временски прозорец за интервенција (до 6 часа од повреда).

Пациентот го примивме со ампутирана десна рака, а денес го испраќаме среќен и задоволен дома со две раце. Чуството кога пациентот ќе ти ја подаде раката да се збогувате е бесценето. Тимската работа и посветеноста на персоналот секогаш дава успешни резултати. Оваа соработка ќе ја продолжиме и понатаму- соопштуваат од Министерството за здравство.