Ковид-19

Комисијата за заштита од заразни болести не препорача нови мерки

19.07.2021 12:13

Комисијата за заразни болести ја разгледуваше епидемилошката состојба во државата. Лесно зголемување на позитивни од тестирани за Ковид 19 има во Скопје и Тетово.

И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид- 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комисјата за заразни болести во моментов останува на досега прпорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба, соопштуваат од Министерството за здравство по денешниот состанок на Комисијата.

Комисијата за заразни болести ја разгледуваше епидемилошката состојба во државата. Лесно зголемување на позитивни од тестирани за Ковид 19 има во Скопје и Тетово. Според анализите, во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид 19.