Ковид-19

Солиден интерес за имунизација на деца и млади во Штип

19.07.2021 12:34

Во Штип стартува имунизацијата на деца и млади од 12 до 17 години. Интересот е солиден, вакцини има доволно. Во останатите општини вакцинацијата на младите ќе почне деновиве. Стекнување на колективен имунитет, но и патување во странство се главните мотиви за вакцинирање на младите...

Во Здравствениот дом во Штип почна имунизацијата на млади од 12 до 17 години. Освен пријавените на „Вакцинација мк“, се вакцинираат и лицата без термин. Во останатите општини на истокот имунизацијата на младите ќе стартува деновиве, откако ќе заврши обуката на медицинскиот персонал за апликација на фајзеровата вакцина.

Заштита на лично здравје, стекнување на колективен имунитет, но и за полесно патување во странство се мотивите за имунизација на помладите.

Во вакциналниот пункт во салата „Јордан Мијалков“ ревакцинацијата се одвива без застој, исто како и теренската имунизација која во регионот завршува до крајот на неделата.

 

Славица Величковска