Пандев на крстосница Италија-Англија-Русија ?

25.03.2014 19:02

Се погласни се коментарите дека нашиот најдобар фудбалски интернационалец Горан Пандев на крајот на сезоната си заминува од Наполи. И ако е ова веќе реалност, останува дилемата во која насока ќе оди кариерата на најефикасниот македонски репрезентативец досега.

Се погласни се коментарите дека нашиот најдобар фудбалски интернационалец Горан Пандев на крајот на сезоната си заминува од Наполи. И ако е ова веќе реалност, останува дилемата во која насока ќе оди кариерата на најефикасниот македонски репрезентативец досега.

30-ет годишнио Пандев и покрај голот со Порто не е конкурентен за првиот тим на Рафа Бенитез кој му дава се помала минутажа и најавува дека бара нови напаѓачи во тимот за новата сезона. Италијанските медиуми во своите анализи се убедени дека во тој поглед нема ништо да се смени а  Пандев ќе биде еден од првите кои летово ќе си заминат од Неапол.

Во кој правец ? Неколку англиски премиерлигаши, пред сите Арсенал и Тотенхем, остануваат заинтересирани за услугите на искусниот напаѓач кој досега на 78 натпревари за Наполи постигна 18 гола. Шпекулациите за тоа дека Македонецот ќе остане во Италија за многумина се најреални. Фиорентина  во јануари направи напор да го придобие Пандев, но тој ја отфрли понудата.

Во фудбалската јавност во Италија сега се погласно се говори и се пишува дека Горан многу посериозно ја разгледува можноста Фиренца да биде следната дестинација во која тој со семејството би го продолжил  престојот во земјата во која е веќе 13 години.

Се шушка и за трета дестинација која е можеби најмалку можна, но не и нереална. Солвентниот руски премиерлигаш Зенит кој не жали пари за странци е  исто така во конкуренција и преговара да го обезбеди Пандев.