Бизнис форум на компании од Македонија и Косово

19.07.2021 12:45

Бизнис форум за косовски и македонски бизнисмени. Фирмите укажуваат на недостиг од кадар со компјутерски технологии. Косово се наоѓа на листата на петте земји со најголема трговска размена и лани биле реализирани зделки вредни 267 милиони евра...

Недостиг од кадар во ИТ, дрвната и во индустријата за мебел ги зближи македонските и косовските бизнисмени. Пандемијата негативно се одразила врз работата. Сега бараат начин како да заживеат дел од секторите кои беа под најголем притисок. Од Бизнис асоцијацијата на Косово велат дека недостасува стручен кадар со вештини.

„ИТ секторот рапидно расте. Актуелното образование во Косово не е соодветено и постои потреба за брзо реформира врз потребите на пазарот. ЕУ го поддржува со програма за напредно усовршување на младите. Со овој прокет 1.500 млади ќе добијат сертификати. На Косово му се потребни 4.000 компјутерски експерти, затоа мислиме дека со оваа билатерална соработка ќе имаме развојна и ефективна бизнис соработка“, изјави Ахмет Јетулаху, Бизнис асоцијација- Косово.

Од Стопанската комора велат дека ваквата соработка ќе продолжи и со останатите земји од регионот.

Според податоците, Северна Македонија е една од петте држави со кои Косово остварува највисока трговска размена. И во вонредни услови предизвикани со Ковид-19 вкупната трговска размена меѓу двете земји лани изнесувала 267 милиони евра, а во првите пет месеци годинана изнесува околу 136 милиони.

 

Дијана Ценевска