Горива

Цената на дизелот се намалува за два денари, бензините поскапуваат за половина денар

19.07.2021 13:13

Причина за корекцијата на цените на дериватите се намалениот износ на акцизата за дизелот и промените во берзанските цени...

Од полноќ дизелот поевтинува за два денара за литар, додека бензините и екстарлесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар. Поскапува и мазутот, одличи Регулаторната комисија,

Причина за корекцијата на цените на дериватите се намалениот износ на акцизата за дизелот и промените во берзанските цени на дериватите на светскиот пазар.