Здравство

Девет нови случаи со Ковид-19

19.07.2021 13:58

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221...

Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 4, Тетово – 4 и Кичево - 1. Регистрирани сe 53 оздравени пациенти од: Скопје –  17, Тетово и Охрид – по 9, Кичево – 8, Битола, Прилеп и Кавадарци – по 2 и Куманово, Гостивар, Струмица и Дебар – по 1.  Не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.

Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на Ковид-19.