ДИК

Поднесени жалби по изборот на германската „Дермалог“ за набавка на апаратите за отпечаток од прст

19.07.2021 14:05

Тече жалбената постапка по изборот на германската фирма „Дермалог“ за набавка на апаратите за отпечаток од прст кои треба да се употребат на следните локални избори. Извори од ДИК потврдуваат дека се пристигнати жалби од останатите три фирми...

Тече жалбената постапка по изборот на германската фирма „Дермалог“ за набавка на апаратите за отпечаток од прст кои треба да се употребат на следните локални избори. Извори од ДИК потврдуваат дека се пристигнати жалби од останатите три фирми. Од таму појаснуваат дека најповолниот понудувач е избран покрај квалитетот и заради некомплетната документација.

Според информациите, одбиените фирми немале целосни тендерски документи. Една немала банкарска гаранција, втората имала недостатоци во техничката документација, а третата фирма имала грешки во техничката и професионалната ориентација.

Од ДИК уверуваат дека сѐ ќе заврши навремено и дека 4.000 фингер принт апарати ќе бидат навремено испорачани од германската фирма, во која удел има и државата. Ќе се нарачаат 10 проценти повеќе апарати од вупниот број избирачки места во земјава затоа што некој може да се расипе, а процесот на гласање треба да продолжи со негова замена.

Се очекува договорот со германската „Дермалог“ да биде потпишан откако ќе заврши во целост жалбената постапка. По тоа околу 200 апарати ќе пристигнат и ќе служат за обука на избирачките одборите кои ќе го спроведуваат гласањето.

Миле Ристески