Расправа за законските корекции за работни односи
Законските корекции за работните односи на матичната собраниска комисија. Недела неработен ден е баланс мегу приватниот и професионалниот живот на работниците - уверува министерката Шахпаска. Пратениците од опозицијата со став- власта не нуди ништо ново, сѐ има во Колективниот договор. Реагираше и ССМ, велат дека не биле поканети на расправата за измените на Законот за работни односи.

Работниците кои ќе работат во недела ќе добијат поголема днвеница и слободен ден, Законските корекции за работни односи кои минаа транспарентен процес ќе обезбедат баланс мегу професионалниот и приватен живот на работниците, ќе ги санкционираат фирмите кои не ги почиваат- од говорницата на матичната комисија, министерката Шахпаска ги уверуваше пратениците.
Опозицијата побара јавна расправа за недела неработен ден, владејачкото мнозинство не поддржа со став дека решенито е добро за работниците. Бегаат од соочување со аргументи, јавни дебати и различни мислења, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Власта тврди дека во подготовка на законското решение, 70 насто од анкетираните компании се изјасниле дека е прифатливо, а работодавачите застанаале во негова одбрана.
Седницата на комисијата започна и заврши, Сојузот на синдикатите реагираше не добиле покана да ги искажат своите ставови. Баараат зголемувањето на додатокот на плата за работа во недела треба да изнесува најмалку 100 насто за секоја поминта час на работното место, казните да бидат сериозни за да се делува превентивно и да се спречи прекршувањето на законот.
Проектирано е за 92 насто од работниците недела да биде неработна. За спроведување на овој закон фискалните импликации врз државниот буџет би изнесувале околу 43.100.000 денари месечно, односно 516.600.000 денари на годишно ниво.
Сузана Фиданска- Стоевска
