Македонија

Реакции во јавноста за новиот кружен тек во Струмица

19.07.2021 15:01

Новиот кружен тек во центарот на Струмица, предизвика низа реакции во јавноста, поради непропорционалната поставеност на истиот.

Викендов јавноста ја разбранува видеото од новиот кружен тек во центарот на Струмица. Неговата непропорционална поставеност на една од клучните раскрсници во градот создаде сомнеж дека истиот не е конструиран според критериуми во сообраќајот. Од општина Струмица со објаснување, зошто истиот не е позициониран на централно место.

На кружниот тек планирана е и велосипедска лента, а во наредните денови, екипи на КП Комуналец ќе работат и на хортикултурно уредување.

Средствата за изградбата на новото сообраќајно решение се обезбедени од општинската каса.

 

Стојне Митева