Легализацијата на дивоградбите решава голем проблем на граѓаните

25.03.2014 19:56

Пред три години почна процесот на легализација на бесправните објекти. Наместо до јуни годинава, граѓаните ќе можат елаборатите да ги поднесат до крајот на декември 2015 година. Покрај ова, продолжен е и рокот за легализација на тераси пренаменети во станбен простор и тоа до 30 јуни идната година...

Граѓаните ги легализираат дивоградбите за едно евро од квадрат. На адреса на надлежните институции се доставени повеќе од 350 илјади предмети. Од Катастарот велат дека досега вкупно се запишани 84 илјади и 310 објекти.

„Морам да упатам апел до граѓаните до компаниите коишто имаат бесправно изградени објекти, а сеуште немаат порачано геодетски елаборати, тоа да го направат поскоро, бидејќи голем е бројот на барања што сеуште не се доставени геодетски елаборати и доколку истите не се направат брзо ќе дојде 31 декември 2015, да не се довдеат во ситуација да неможат да изготват геодетскик елаборати, вели Славче Трпевски – директор на Агенција за Катастар на недвижности.

Од надлежните институции велат дека реалната бројка на легализирани објекти е поголема, дел од граѓаните кои добиле решенија за утврдување на правен статус ги немаат впишано во катастарот.

Нема понатака дилеми дали е твое или не е, дали ќе ти го земе некој...можеш и да го продадеш и хипотека и било што... Ќерка ми тука легализира...Незнам што ќе биде... Поднесено ми е... тоа е убаво...“, велат анкетираните граѓани.

Пред три години почна процесот на легализација на бесправните објекти за да се реши проблемот на голем број граѓани, да добијат тапија за сопственост над објектот.

Во Македонија 150 – тина геодетски фирми кои дневно во просек изработуваат по 4 до 5 елаборати. Надлежните го пролонгираа рокот. До 31 декември 2015 година може да се поднесе овој документ.

Продолжен е и рокот за поднесување на барање за легализација на тераси и тераси пренаменети во станбен простор. Граѓаните до 30 јуни 2015 година можат да поднесат барање до единиците на локалната самоуправа.

Aна Јосифоска