Брисел
Ден на жалост во Белгија за жртвите од поплавите
20.07.2021 10:12
На пладне сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје и ќе се одбележи со една минута молк во целата држава.

Во Белгија е прогласен ден на жалост во знак на жртвите од поплавите. 31 лице загина во невремето што го зафати истокот и југот на Белгија во текот на минатата недела. Ж
На пладне сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје и ќе се одбележи со една минута молк во целата држава.
Ќе бидат вклучени и сирените на спасувачките служби. Седумдесет лица се водат за исчезнати и по нив сѐ уште се трага, а многу куќи се целосно уништени.
