Авганистан
Ракети го погодија центарот на Кабул
20.07.2021 10:48
Ракетите паднале пред зелена зона во која се сместени претседателската палата и неколку амбасади. Според Министерството за внатрешни работи, нема повредени.

Најмалку три ракети паднале во центарот на Кабул, непосредно пред обраќањето на претседателот Гани по повод одбележувањето на муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Ракетите паднале пред зелена зона во која се сместени претседателската палата и неколку амбасади. Според Министерството за внатрешни работи, нема повредени.
Никој не ја презел одговорноста за нападот, кој се случува во време на офанзивата на Талибанците ширум Авганистан, откако меѓународните сили предводени од САД го завршија последното повлекување од земјата.
