Тел авив

Две ракети испалени кон Израел

20.07.2021 11:22

Нема повредени, ниту материјална штета. Едната ракета била соборена од систем за противвоздушна одбрана, а другата паднала во ненаселена област.

Две ракети лансирани од Либан рано изутрината го вклучија алармот во северниот дел на Израел. Израелската армија објави дека одговорила на нападот со артилериски оган.

Нема повредени, ниту материјална штета. Едната ракета била соборена од систем за противвоздушна одбрана, а другата паднала во ненаселена област.

Израел водеше војна во 2006 година против Хезболах, кој има упориште во Јужен Либан, а во својот арсенал има напредни ракети.

По војната меѓу Израел и Хезболах пред 15 години, границата е релативно мирна. Помалите палестински фракции во Либан повремено отвораат оган кон Израел.