Порт-о-пренс

Ариел Анри нов премиер на Хаити

20.07.2021 12:04

Советот на министри, чиј претседател е премиерот, има извршна власт се додека не се избере нов претседател.Анри ќе биде и министер за труд и социјална политика.

Властите на Хаити ја одобрија новата влада во земјата, предводена од Ариел Анри, кого убиениот претседател Жовенел Моиз го назначи за премиер два дена пред атентатот.

Советот на министри, чиј претседател е премиерот, има извршна власт се додека не се избере нов претседател.Анри ќе биде и министер за труд и социјална политика.

По убиството на Моиз, вршителот на должноста премиер, Клод Џозеф беше унапреден во министер за надворешни работи и религиозни прашања во новиот кабинет.

Церемонијата на инаугурација на нејзините членови ќе се одржи денеска во главниот град Порт-О-Пренс.