Откупните цени на градинарските производи ќе зависат од побарувачката

26.03.2014 08:41

На домашниот и на странскиот пазар во почетокот на април ќе се најдат првите количества на пролетна зелка и краставици...

Градинарите се подготвуваат за новата берба. Од идниот месец први на пазарот ќе се продаваат зелката и краставиците. Откупните цени ќе зависат од побарувачката, а не од договореното пред сеидбата.          

Струмичките градинари во очекување на новата берба.

На домашниот и на странскиот пазар во почетокот на април ќе се најдат првите количества на пролетна зелка и краставици.

Поради големите трошоци на почетокот на производството и скапиот семенски материјал, земјоделците решија годинава да посадат за скоро 20 проценти помали површини со домати од лани.

Откупните цени се не познати. И тие зависат од движењата на пазарот, а не од договорањето пред сеидбата.

Производителите не очекуваат проблем со извозот иако се загрижени со случувањата во Украина како што се продава најголем дел од македонскит зеленчук.

 

Методија Трајков