Неформален состанок на министрите за животна средина на ЕУ
Министрите за животна средина на Европската унија на дводневен состанок на Брдо кај Крањ. Дебата за новиот пакет на Европската комисија намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 насто до 2030 година.

Педесет степени во северозападна Канада, четириесет степени во Сибир, поплави, пожари- мора нешто да сториме, министрите за животна средина на Европската унија на дводневен состанок на Брдо кај Крањ. Дебата за новиот пакет на Европската комисија намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 насто до 2030 година.
„Еден од аспектите со кои се соочува човештвото се непостојани временски модели. Педесет степени во северозападна Канада, четириесет степени во Ссибир и во централна Европа, поплави, сето тоа се последици на климатските промени. Проблемот е што емисиите на стакленичките гасови сè уште се зголемуваат, затоа треба да сториме нешто“, рече Франс Тимерманс, потпретседател на Европската комисија.
Министрите разговараат и за подготовките за конференцијата на ОН за климатски промени што ќе се одржи во Глазгов во ноември.
Белгија: Ден на жалост за жртвите од поплавите
Во Белгија е прогласен ден на жалост во знак на жртвите од поплавите. 31 лице загина во невремето што го зафати истокот и југот на Белгија во текот на минатата недела. Во земјата се прави процена на штетите. Во тек е враќање на електричната енергија во домовите и возовите.
„Постои итна потреба сообраќајот да се врати во функција, бидејќи очигледно има патници и стока. Тоа влијае врз Франција, бидејќи линијата што ги поврзува белгиските пристаништа со француската индустрија е запрена во моментот“, вели Бруно Гилсон, извршен директор на Инфрател.
„Купишта камења и урнатини влегоа во канализацијата и за жал, ако имаме уште големи поплави, канализациите нема да можат да ја апсорбираат водата, па ризикуваме дополнителни поплави“, рече Филип Годин, градоначалник на Пепинстер.
„Сликите се шокантни. Кога дојдов во првите моменти си помислив дека сум на друга планета.“
Седумдесет лица се водат за исчезнати и по нив сѐ уште се трага, а многу куќи се целосно уништени.
Марина Ристова
