Првенци на генерацијата во пандемиска година
Ако се сака, сѐ се може, па и да се стекнат високи знаења во пандемиска учебна година. Така размислуваат 19 -те првенци на генерацијата во Прилеп, наградени и пофалени. Најразличната учебна година оценуваат дека ја совладале солидно. Учењето пред компјутер, а не во клупите беше голем предизвик. Почнаа подготовките за новата учебна година со надежи да се седне во клупите...

19 прилепски основци и средношколци се првенци на генерацијата во најспецифичната учебна година. Пандемијата ги натера да седат пред компјутерот, а не во училишните клупи. Не е исто, се согласуваат, но во сето тешко и неизвесно, новиот начин на настава ги натера, велат, сами повеќе да се потрудат.
Идниот економист Димитриоски ќе оддолее на искушението за странство и во земјава ќе го бара успехот за работење.
Просекот 3,42 на матурата се смета за солиден во условите во кои се одвиваше учебната година. Почнаа подготовките за новата со очекувања да се седне во клупите.
Во Прилеп се преку 9.600 ученици од кои околу 6.500 основци и над 3.100 средношколци.
Елизабета Митреска
