Висок одзив за вакцинација без закажан термин во Велес, но и за теренската
За шест дена теренска вакцинација во велешко вакцинирани 360 лица од 18 населени места, вчера и денес голем интерес за вакцинација без закажан термин. Се вакцинираа и децата на возраст од 16 и 17 години, имало термини за 46-дошле 40 …

Во Велес во тек е вакцинација на деца, теренска вакцинација и без закажан термин. Без исклучок за сите има интерес. Најмногу за вакцинирање без термин, кога во текот на вчерашниот ден за пет часа биле вакцинирани 139, а денес до пладне 135 лица со прва доза. Се вакцинирале и деца на возраст од 16 и 17 години. Имало шест случаи родителите да ги пријават децата, но не дошле на вакцинација.
Теренската вакцинација е во тек и заклучно до вчера посетени се 18 населени места, сите од Општина Чашка и аплицирани 360 први дози од вакцината „Синовак“. Од четврток продолжува во Општина Градско и во Општина Лозово. Поради големиот интерес за втора доза „Фазјер“, пунктот во салата „Коле Неделковски“, вчера и денес работи до 17 часот. Граѓаните задоволни од можноста да бидат вакцинирани.
Со теренската вакцинација посетен е и велешкиот затвор, каде се аплицирани 13 вакцини, колку што имало заинтересирани лица.
Петар Печков
